Пресреќни вести – нашиот познат пејач го прослави роденденот, па ги почести ФАНОВИТЕ со нова песна
Познатиот композитор и пејач се почести за роденден и со песна ди го честиташе.
Роберт Билбилов викендов славеше роденден, па ја објави и својата нова песна на ваков убав ден.
За својата најнова песна „Нигде не те наоѓам“ музиката и аранжманот ги направи Билбилов, додека пак текстот е на Робин Зимаков.
Тој на неговиот Јутјуб канал го објави и спотот кој е снимен на неколку локации низ Скопје, а во него се појавува манекенката Ирина Кузевска.
„Пандемијата со коронавирусот ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио, па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката.
Премиерата се случи вчера, на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“, порача Билбилов.
После мала пауза нема сомнеж дека ова ќе биде вистински хит ова лето.
Билбилов веќе има неколку големи хитови, кој нема кој не ги знае, а меѓу нив се: „.Избриши ги ти солзите“, „Во дилема“, „Сега јас сум на ред“ и уште многу dруги.
Роберт како многу млад го изгубил својот татко, а во едно интервју за „Експлузив“ зборуваше за тој тежок период од неговиот живот.
„Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството.
Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, изјави Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ.
„Тој беше виолончелист и е „виновен“ што денес и јас сум музичар. Знам дека замина на проба во Операта, а тогаш беше хит песната „Чудна жена беше Вера“. Ми ја даде на касета и ми рече: Дур се вратам, преслушај и почни да учиш да ја свириш. Подоцна, во текот на годините, како да се тркав со него“, додаде Билбилов.
Роберт има син, а ретко којзнае дека и тој го има наследено талентот на неговиот татко и е подготвен да продолжи по неговите стапки.
Давид денеска има 14 години, а дека е е талентиран за уметност докажува и тоа што дој веќе е дел од филмското училиште за деца „Тинтири минтири“.
Давид се појавуваше во о музичките спотови на ова филмско училиште и глуми во дел од скечовите, но освен за глума, Давид е талентиран и за пеење.
Роберт досега направи толку прекрасни хитови за своите колеги, па нема сомнеж дека ќе подготвои нешто спектакуларно и за својот син во иднина.