Преовладуваат светлите бои: Адријан Гаџа го покажа домот – еве кој е главен таму
Познатиот пејач од Скопје, покажа дел од својот дом.
Гаџа откри кој царува во неговата куќа.
Албанскиот пејач Адрјан Гаџа имаше одлична кариера во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Тој беше еден од најпопуларните пејачи кон крајот на 90-тите.
Неговите песна хитови, а каде и да настапуваше се бараше билет повеќе.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Тој период беше и златно време за македонската естрада.
Пејачите работеа со полна пареа и одржуваа концерти.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Гаџа освен што одлично пееше, тој фантастично и танцуваше.
Мора да се признае дека тој беше вистинско освежување за македонската естрада тогаш.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Денес неговата музичка кариера е ставена на пауза, а тој се има целосно посветено на својот приватен бизнис.
Гаџа е сопственик на ресторан во скопската населба Топанско Поле.
Максимално се вложува во овој бизнис и токму затоа и одлично функционира.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Ретко се појавува во медиумите и не сака воопшто да зборува за својот приватен живот.
Активен е на Инстаграм, но ниту таму не може да се види фотографија која ќе наговести дека пејачот е вљубен.
Вљубени е во животните и дома чува домашни миленичиња.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Двете кучиња и мачката буквално царуваат во неговиот дом.
На Инстаграм тој објави видео од своите миленичиња, а во позадина се гледа дел од неговиот дом, во кој преовладуваат светлите бои.
Сѐ е уредено во урбан и модерен стил.