Прво ги изненади сите со скапоцениот подарок што и го подари на поранешната сопруга, а сега се шушка дека повторно се заедно
Помирување на омилената холивудска готовина на повидок?
Поранешниот актерски пар Џенифер Анистон и Бред Пит се разделија пред речиси 15 години, а неодамна медиумите шпекулираа дека тие ја обновиле својата романса по разводот на актерот од Анџелина Џоли.
Медиумите ги објавија информациите за наводното помирување на Бред и Џенифер, а како што пренесува „Мирор“ сите биле изненадени кога ѝ ја подарил прескапата куќата во која некогаш живееле, вредна милиони долари.
Актерката неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а нејзиниот поранешен сакан се појави меѓу поканетите гости на роденденот. Обожавателите на поранешните љубовници веднаш почнаа да шпекулираат што е тоа што Бред и го подарил на својата поранешна сопруга, а сега странските медиуми дојдоа до информации дека тоа е куќата каде што двајцата некогаш живееле во Беверли Хилс.
Импозантната вила има вредност од фрапантни 79 милиони долари, а извор близок до Анистон вели дека на познатата холивудска актерка и било многу тешко да ја напушти по разводот. „Загубата на нивниот дом од соништата само ја зголеми нејзината болка по разводот. Куќата беше на продажба во време кога тие се разделуваа, а на Џенифер и беше тешко што Бред не ја купи тогаш“ – вели изворот.
Инаку, Џенифер и Бред беа во брак од 2000 до 2005 година, а актерката подоцна се омажила за Џастин Теру.