Првата дама издоминира и во Грција- блесна како божица во црвена комбинација, а потоа и во панталони кои се хит оваа есен!
Првата дама на Македонија уште еднаш покажа дека ги следи светските трендови.
Убавата и елегантна Елизабета Ѓорѓиевска во костим кој е моментално е моден погодок и се почесто може да се видат познатите дами во костими.
Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопуга беше пречекан од претседателката Катерина Сакеларопулу со највисоки државни почести, а првата дама доминираше во црвена комбинација.
Во црвена боја, во фустан кој има дворедно закопчување и ја следи линијата на телото, надополнет со тенок ремен, во комбинација со високи потпетици, таа изгледаше како вистинска кралица.
Елизабета во Атина го посети и центарот за рехабилитација во Воула, дом за деца и млади со попреченост.
За таа пригода првата дама избра елегантно сако и панталони во беж нијанса, високи потпетици во слична нијанса со црни детали.
Првата дама уште еднаш покажа дека е вистинска модна икона и секогаш изгледа беспрекорно!
Таа во неколку наврати покажа дека секогаш знае да ги избере вистинските парчиња кои одлично и прилегаат.
Како што доликува на дама таа со едноставна софистицираност е вистински пример како треба да изгледа жена на една ваква свечена пригода.
Инаку, бојата на виното е одличен избор за која било есен-зима комбинација! Темна, лежерна и елегантна се согласува одлично со секој тен и боја на коса, а тајната на овој феноменален изглед на нашата прва дама се крие во едноставноста, нагласена со преубавата, грациозна фризура, црните хулахопки и суптилниот црн детаљ на половината. Бидејќи бургунди нијансите сами по себе се убави, каков било моден додаток со оваа боја изгледа совршено, посебно ако го заокружите целото издание со еден ваков преубав капут во иста нијанса.