Прва фотографија со Дарко Лазиќ од болницата – обожавателите воодушевени од овој детаљ
Пејачот Дарко Лазиќ ја објави првата фотографија од болницата која што на Инстаграм ја закачи неговата мајка.
Под фотографијата во коментарите на Инстаграм веднаш почнаа да пристигаат и првите поздрави и желби пејачот побрзо да оздрави, но еден детаљ очигледно најмногу ги воодушеви обожавателите.
Имено, околу вратот на пејачот се гледа црвена бројаница со крстче. Судејќи според фотографиите што Дарко досега ги има објавувано, бројаница порано нема носено. Посета е дозволена само за најблиските роднини, па се претпоставува дека некој од неговите блиски му ја поклонил бројаницата за да му помогне побрзо да оздравее и да излезе од болницата.
Фото: Инстаграм
Пејачот е видно расположен, како и неговата мајка која е насмеана покрај него. „Среќна слава на сите и од мене бидејќи немам свој телефон“, им порача Лазиќ на пријателите. Инаку, на неговите гради се гледа голема лузна, но и рана на главата која почна полека да зараснува.
Пејачот се уште се наоѓа на интензивна нега во болницата во Земун, а додека да закрепне го чека долг период.
https://www.instagram.com/p/BSKAJWkBloy/?utm_source=ig_embed
Но како што пренесува српскиот Курир, поради неговите прекумерни килограми оздравувањето ќе биде забавено. Физиотерапевтите го советуваат да ослабне 40 килограми за да можат да почнат со вежбите со кои пејачот повторно би застанал на своите нозе.
https://www.instagram.com/p/BgRYWO_BiGG/
Дарко има вграден вештачки колк, а прогнозите се дека од интензивна нега ќе излезе за десетина дена и ќе влезе во апартман во болницата.