Празнична атмосфера во домот на Заеви- Александра покажа како изгледа нивната новогодишна елкa
Празнична магија и во домот на Заеви.
Премиерот Зоран Заев иако најави оставка сè уште ја извршува функцијата додека партијата да одлучи кој ќе го замени на чело на СДСМ и како нов мандатар.
По најавата за оставка тој поддршка доби од неговата ќерка Александра која се огласи на социјалните мрежи и порача дека тој е нејзин херој.
Таа објави фотографија од својот татко и напиша „Мојот херој“ па додаде и дел од неговата изјава која синоќа ја даде на прес конференцијата.
-Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО. Верувам дека имаме шанси да почнеме преговори со ЕУ за неколку месеци. Го обединивме нашиот народ и покрај пандемијата која владееше. Направивме историско пријателство со соседите. Според мене граѓаните треба да поддржуваат храбри политичари кои носат тешки одлуки за државата да оди напред. Сакам да изразам разочараност затоа што мнозинството од народот ги избра истите луѓе кои пред 4 години пред очите на целата јавност тргнаа да убиваат. Господ да ни го чува народот и Северна Македонија.
Овојпат во пресрет на новогодишните празници Александра покажа дека го декорирале домот и дека ја украсиле новогодишната елка.
Александар ја покажа новогодишната елка декорирана со различни лампиони, а посебно привлекуваат внимание персонализираните лампиони со нивните имиња.
На едниот пишуваше Зоран и Зорица, а на другиот Александра и Душко, додека пак на третиот името на миленичињата.
Инаку Александра студира медицина во Бугарија, а во едно интервју Заев откри дека за првпат во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.
Заев објасни дека таа ја избрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не како обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.