Празничен амбиент во домот на Шеф Никола – готвачот ја покажа НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА и своите три мали ангелчиња!
Празничната магија полека, но сигурно започна да се шири.
Месецот декември е во знакот на празници и семејство.
Веќе наголемо почна да се украсува и да се китат новогодишните елки, а многу македонски познати личности ги покажаа своите празнично украсени домови.
Талентираниот и единствен Никола Мишковски или попознат како шеф Никола го покажа своето богатство.
Тој објави фотографија од неговите три деца додека ја китат новогодишната елка која украсена со различни лампиони изгледа преубаво.
Никола Мишковски или шеф Никола како што многумина го знаат од кулинарското шоу Брза кујна“ кое секој работен ден имаме можност да го следиме на Сител.
Двајцата професионални готвачи Никола и Марк секојдневно приготвуваат едноставни и брзи јадења и сето тоа го прават за само 20 минути со намирници кои и носат натпреварувачите.
Инаку тој неодамна ја доби својата втора ќерка, а од првиот брак го има синот Дарин.
Шеф Никола важи за еден од најдобрите готвачи во Македонија, па многу негови јадења кои ги приготвува изгледаат неодоливо вкусно.
Шеф Никола во интервју за „Арт кујна“ вели дека за неговата животна определба да биде готвач е ’виновна‘ неговата мајка која му била и најголемата инспирација за ова што е тој денес.
„Страста за готвењето и љубовта кон храната ми се појавија уште во раното детство, токму благодарение на мирисот и вкусот на домашно приготвените оброци од мајка ми, голема заслуга за ова има и моето прикрадување во кујната откако таа се вработи како готвачка во еден ресторан. Едноставно ме исполнуваа целата таа атмосфера и притисоците кои ги создава самата гастрономија“ рече тој.