Права домаќинка: Македонската водителка сама направи сарма, кифлички и торта
Популарната македонска водителка покажа дека е олична домаќинка.

Елена секогаш ја гледаме во луксузни изданија, но покажа и дека е талентирана за готвење и тоа рецепти кои се комплицирани за многу македонски домаќинки.
Елена Најдоски во јавноста е позната како Елена „Живот со стил“ поради истоимената емисија на која е водителка долги години.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Елена навистина живее живот со стил, а тоа се гледа и на нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Обожава да патува, а гламурот и луксузот се нејзино секојдневие.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Секогаш е средена од глава до пети, без оглед на ситуацијата.
Елена се вбројува во едни од најдобро облечените жени на нашата естрада.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Многупати објавувала и фотографии од она што најмногу сака да го јаде и морската храна е често на нејзиното мени, но овој пат отиде чекор понапред.
Елена умее и одлично да готви, а тоа го докажа со снимки кои ги сподели на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Одлично витка сарма, прави совршени кифлички, а десертот остава без здив.
По долгата и напорна работа во кујна, седна да се одмори и да ужива во чаша вино и прекрасниот поглед на Маврово.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Погледнете што подготви водителката за најблиските за Божик: