Вести

ПОЧИНА ЌЕРКАТА НА ПОРАНЕШНИОТ АЛБАНСКИ МИНИСТЕР! Ева имаше 24 години, неутешниот татко ја сподели ШОКАНТНАТА ВЕСТ

Advertisement

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот

Ева Таво (24), ќерка на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.

Advertisement

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот.

Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.

Advertisement

„Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот во Јоргукат, Ѓирокастро“, напиша Ванѓел Таво на Фејсбук.

Веста ја потврдија и од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарце.

„На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с.Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со Албански регистерски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот.

Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден“, соопшти македонското МВР.

Ќерката на поранешниот министер во Албанија загина во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје.

Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button