Почеток на едно големо пријателство- Еве како изгледаа шеф Марк и Шеф Никола кога се запознаа
Еден од најдобрите готвачи во Македонија објави фотографија од почетокот на соработката соп својот колега.
Откако двајцата почнаа да работат заедно на јавноста во Македонија и станаа омилени ликови.
Освен што секојдневно ги гледаме на малите екрани во шоуто „Брза кујна“ се чини дека со соработката помеѓу Никола Мишковски и Марк де Јонг кариерите им тргнаа во нагорна линија.
Двајцата важат за врвни готвачи, а шеф Никола беше оној кој објави фотографија од нивните почетоци и напиша дека е горд на сè што постигнале.
– Ова беа почетоците на едно големо пријателство кое до ден денеска трае … Горд на сè што направивме досега и уште многу имаме да покажеме што знаеме“ напиша шеф Никола и објави фотографија на која позираат двајцата готвачи.
Инаку шеф Никола работи во елитниот ресторан „Камник“ и има врвна екипа која помогна за разубавување на свадбената веселба на шеф Марк кој неодамна ја направи токму во овој локал.
Шеф Марк јавно му се заблагодари на својот колега за магијата која тој ја направи заедно со својот тим.
„Никола, гастрономското уживање подготвено и послужено од тебе и твојот тим ја комплетираше магијата на нашиот ден! Искрена благодарност на тебе и целиот тим на Камник“ напиша Марк и постави фотографија од него и неговата сопруга Василка.
Се надевам, е дека нивната соработка ќе продолжи уште долго време и ќе уживаме во нивните кулинарски способности!
Причина за славење неодамна имаше и шеф Никола кој доби ќерка.
Неговата сопруга Стефанија се порои и на свет донесе женско бебе.
„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“ напиша тој на Фејсбук.