Потресни фотографии на познатата актерка која се бори со тешка болест
Потресен статус и фотографии на Селма
Актерката Селма Блер (47) објави еден мошне емотивен пост на својот профил на Инстаграм преку кој со своите обожаватели сподели како минува низ многу тежок период од нејзиниот живот. Таа е при крај од своето двомесечно лекување со кое се бори против „мултипле склероза“, а нејзините верни обожаватели и изразија поддршка во коментарите.
„Несоница. Како дете сум што се буди. Се плашам и ми се плаче. Посакувам да е тука мајка ми. Посакува. Ќе се избањам и ќе плачам. Почетокот е најтежок. Морам да запомнам“, напиша Селма под фотографијата на која се гледаат нејзините нозе целосно „покриени“ со модринки.

Таа поради лечењето и третманот пред два месеци ја напушти Калифорнија и замина во странство. За целото време од лечењето објавува и го споделува искуството со своите обожаватели преку социјалните мрежи. Пишува за ситуацијата во која се наоѓа, но и болката што ја проживува.

Таа на својот профил на Инстаграм објави уште една фотографија под која исто така напиша емотивен коментар.

„Оваа краста на главата ја имам веќе два месеци. Ми стои како и мојата нова ќелава глава. Не ми е грижа ни тоа што ја изгубив косата. Но ако веѓите ми паднат потполно, тогаш сигурно ќе пеам друга песна. Ова сум јас во овој момент, не објавувам стари фотографии“, напиша актерката.