Потполна модна трансформација, горат социјалните мрежи – по екстраваганцијата во Сен Тропе Драгана во досега невидено издание
Пејачката на својот моден стил му е верна со години
Фолк пејачката Драгана Мирковиќ е една од оние познати дами која што ретко го менува својот моден стил.
И покрај сите трендови, таа му остана верна на својот моден вкус кој низ годините мн0гу малку го има променето.
Познатата пејачка сака да носи раскошни и впечатливи тоалети зачинети со интересни детали, и тоа најчесто со потписот на најпознатите светски модни куќи. Таа во нив секогаш изгледа грациозно, а во слично издание можевме да ја видиме и додека беше на својот луксузен годишен одмор.
Фустаните без разлика дали се долги или кратки, тие се важен дел од нејзиниот изглед, но сепак, за нејзиниот последен настап, пејачката носеше модел во каков досега нејзините фанови ја немаат видено.
Повторно е во прашање модел со должина до подот но со интересен дезен во различни бои во кои Драгана изгледаше совршено.
Таа својата половина ја истакна со широк ремен, а целото издание го заокружи со впечатлив накит и преубава фризура.
Пејачката со овој концерт ја отвори својата летна турнеја која во следниот период ќе се дружи со фановите на отворен простор.
Круна на оваа нејзина турнеја ќе биде спектакуларниот концерт на 20 август во Крагуевац каде пејачката ќе настапува прв пат по две децении, а за кој веќе постои голема заинтересираност кај тамошната јавност.
Еве како изгледаше во Сен Тропе
На пејачката многумина можат да и завидуваат на луксузниот живот која таа не ретко го споделува со своите фанови.
Па така Мирковиќ неодамна објави неколку фотографии од своето патување и покажа како ужива во луксузниот одмор.
Пејачката која до неодамна уживаше во Италија, објави неколку фотографии и покажа дека во монденското летувалиште во Сен Тропе допатува со хеликоптер, а јавноста ја изненади и со своето модно издание.
Долгиот фустан што го носеше тогаш и стоеше одлично, па голем број фанови веднаш ја почестија со ласкави комплименти.
Таа тогаш насмеана позираше и во костим за капење, но и покажа дел од лудата забава во Сен Тропе.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ