Постои само еден збор што дадилката на принцот Вилијам и Кејт НИКОГАШ не смее да го изговори
Вилијам и војвотката Кејт своите деца и ги доверија на дадилката Марија Борело. Благодарение на неа, принцот Џорџ и принцезата Шарлот веќе учат шпански, а Марија, наводно, повеќе не мора да се грижи за нејзиното работно место, бидејќи нивните деца ја обожаваат.
Марија својот живот целосно го подреди според потребите на нејзини принцови и принцези, а со кралското семејство оди и на годишен одмор. Живее со нив во Кенсингтон палата и многу добро се согласува со Кејт и Хари, но постои еден збор што никогаш не смее да го изговори таму.
Тоа е зборот е „kids” односно деца. За Шарлот и Џорџ дадилка секогаш зборува така што ќе ги каже нивните имиња.
„Тоа изразува почит кон нив како индивидуи”, изјави изворот за британските медиуми, додавајќи дека досега сите кралски дадилки го правеле тоа.
Инаку, иако можеби се најпопуларните деца во светот, Џорџ, Шарлот и Луј, наводно, растат како и сите други деца. Малиот принц Џорџ има шест години, но сѐ уште не знае дека еден ден ќе биде крал на Обединетото Кралство и неговите родители сакаат да поминат уште некое време без да го знае тоа, за да има што е можно поедноставно детство