Вирално

Поразителна фотографија од еден подземен премин

Advertisement

Снежна покривка и дебел минус ги избрка и најупорните продавачи на подземни премини во центарот на Белград, но за жал, нивните редовни жители, бездомниците, и покрај ниските температури, се уште се таму.

Advertisement

Овој факт е уште попоразителен, ако се земе предвид дека ова им е единственото место на живеење, бидејќи според нивни зборови во прифатилиштата нема место за нив.

Белграѓанката Тамара Кликовац објави на Фејсбук фотографија која што е настаната во еден подземен премин и со осврт на животната приказна на еден од бездомниците кој беше принудена да бара сместување тука.

„Две лица веќе неколку дена ги гледам во подземниот премин како спијат тука по оваа зима. Им се доближив и ги прашав дали биле во прифатилиштето кај Кумодрашка? Помладиот човек беше многу културни и објасни дека биле, но биле вратени, бидејќи повеќе немало место.“

Advertisement

„Тој плачеше додека ми зборуваше.. … Дали можете да го споделите ова за да се апелира до градските власти да се отворат повеќе засолништа бидејќи луѓето смрзнуваат и можат да умрат на улиците “, напиша Тамара.

Нејзината фотографија преку социјалните мрежи е споделена повеќе од 3.500 пати, а речиси сите корисници се согласија на фактот дека градот Белград навистина треба да направи нешто околу ова болно општествено прашање, бидејќи очигледно е дека на улиците има се повеќе бездомници.

 

Што се однесува до ситуацијата кај нас, само на територијата на Скопје има околу 200 бездомни лица. Но само 50 од нив на дневна база можат да ги користат услугите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, каде можат целосно да се грижат за својата хигиена, да добијат облека, топла храна, совет од лекар, психолошка и правна помош.

Пунктот има посебен режим во текот на зимските месеци, а ако има поголем број лица кои бараат сместување во текот на зимскиот период, се отвораат и дополнителни интернати или се наоѓаат алтернативни решенија.

Пријавете бездомници што спијат на отворено, да ги спасиме од студот

Доколку забележите бездомно лице, според препораките на Министерството за труд и социјална политика, пријавете во центрите за социјална работа и Црвен крст.

Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Во продолжение се контакт телефоните на дежурните екипи:

Скопје:
Црвен крст – 071 733 171, 023096 227
ЦСР-078 230 943, 076 381 762

Струга:
Црвен крст 070 249 733
ЦСР- 075 588 980

Битола:
Црвен Крст – 075 907 060
ЦСР- 071 342 492

Струмица:
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР- 075 377 798

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button