Поминаа 14 години од последниот концерт на Тоше Проески – овие НЕГОВИ ЗБОРОВИ и денес никого не оставаат рамнодушен!
Иако поминаа многу години од неговата cмpт, тој остана вечен непребол.
Македонија, но и целиот регион се уште тагува по ангелот, а неговите песни често се преработуваат во негова чест.
Не поминува ни ден а на радио да не го слушнеме гласот на нашиот ангел Тоше Проески.
Неговиот последен концерт се одржа на 5 октомври во 2007 година на Градскиот стадион во Скопје, а само 11 дена подоцна тој заг-ина во сооб-раќајна незгода.
Во негова чест Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево традиционално одржува хуманитарен концерт на неговиот роденден.
Освен концертот, поминаа и 14 години од неговото последно интервју во „Вртелешка“ во кое Тоше зборуваше дека е изморен, а многумина ова интервју го карактеризираа како претскажување на она кое се случи наредниот ден.
Тоше кој тогаш имаше 26 години, само неколку часа по интервјуто тргна на пат како совозач со својот автомобил и кај Нова Градишка дојде до кобен судар.
Патуваше во Загреб за снимање на снимање два спота, а неколку часа пред да тргне на пат тој додека зборуваше со Весна Петрушевска-Бејби и Васил Зафирчев делуваше изморен и нерасположен.
На прашање дали сака малку да се тргне од се Тоше одговори: „Би сакал да се тргнам од се, но не можам. Машинеријата ме стави, како што велат во „бубањ“ и готово. Нема назад. Барам заздравување од дневни интервјуа, шминка, отстранување шминка, пакување.“
„Патувања за Загреб, и назад, патување за Австралија … Доста ми е од сè“ рече Тоше со вознемирен глас и додаде:
„Јас правам грешки како и секој нормален човек секој ден. Јас не сум безгрешен, светец или ангел, далеку сум од тоа, но исто така сум далеку од грдите приказни што ми се припишуваат откога бев познат ” рече тој.
Раскажуваше за своите родители како големи животни примери. Лилјана Петровиќ ја нарече втора мајка и рече дека е среќен што е со него.
За жал тие два спота никогаш не беа снимени, но Тоше засекогаш ќе остане во нашите срца!