Реклама
Новости

Помеѓу Америка и Австралија во овој момент има разлика од 100 степени Целзиусови – погледнете како изгледа тоа (видео)

Реклама

Во овој момент на два различни краја на светот, имаме екстремни температури.

 

Маркетинг

Во Чикаго оваа недела се очекуваат екстремно ниски температури кои се опасни по живот и рекордно студен воздух. Од друга страна пак, Аделаида и јужните делови на Австралија се погодени од топлотен бран.

Маркетинг

Досега, шест лица загинаа од екстремна студ во САД. Температурите паднаа на минус 45 степени Целзиусови во Чикаго, додека во Северна Дакота беше измерено минус 54 степени. Метеоролозите истакнуваат дека најлошото се очекува во наредните денови.

Поларниот студ ќе се задржи во Соединетите Американски Држави барем до понеделникот.

 

https://twitter.com/Tommy_Slates/status/1090627311194554368

https://twitter.com/Tommy_Slates/status/1090626800584151040

 

 

 

 

 

Во исто време, Австралија ја погодува досега невиден топлотен бран. Повеќето дневни температури достигнуваат скоро 50 Целзиусови степени, а на екстремната топлина се уште не и се гледа крајот. Температурите го рушат стогодишниот рекорд – минатата недела дури пет дена беа меѓу десетте најжешки во историјата на Австралија.

Екстремните температури и суши исто така доведоа до масовно изумирање на животните. Прво, имало информации дека повеќе од еден милион мртви риби биле заробени на бреговите на реките. Потоа медиумите објавија дека топлината за само два дена убила дури една третина од лилјаците во Нов Јужен Велс. Австралија не се сеќава на олку високи топлини и суши, а тие доведоа и до масовно умирање на дивите коњи.

https://www.youtube.com/watch?v=VMp5aYZCFxU

 

https://www.youtube.com/watch?v=G69qxAThYps

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button