CelebrityНовости

Познатиот фолкер исфрлен од дома – сопругата го фати со 30 години помладата љубовница

Advertisement

Популарниот фолкер Милтар Мириќ своевремено се најде среде скандал откако неговата сопруга Сузана донза дека ја изневерува со 30 години младата Драгана Јаничевиќ од Прокупље.

Advertisement

како што вели извор близок до пејачот за Курир.рс, сопругата на Милтар го исфрлила од дома откако дознала таа за неговата љубовница.

– Милтар се заљуби како тинејџер и не обрнуваше внимание на последиците. Му беше гајле за неговиот брак, тој е на седмото небо.

Advertisement

Сопругата знаела дека фолкерот е неверен, но не знаела која е во прашање. Митрова се уште му е законска сопруга,таа е дама која многу му помогнала во животот. Меѓуоа, повеќе не сака да го толерира неверството.

Му рекла да си ги собере сите работи и го исфрлила од дома, раскажал изворот за медиумите.

Сепак, како што се пишувало, тоа не било прв пат Сузана да го исфрли Митар.

Неколку години претходно пред овој скандал, сопругата му рекла да се исели од нивната куќа бидејќи ја носел својата тајна девојка во станот во Земун.

Нема ништо да ви кажам. И да ги потврдам чаршиските муабети и да ги демантирам, пак секој ќе си збори како сака.

Што и да се случило, јас својата сопруга Сузана ја обожавам и завидувам како издржува со мене. Секоја чест што ме трпи.

Се и сешто во животов и приредував, безброј пати се покајував и се извинував, и таа безброј пати ги помина границите на лудориите.

Постојано зборувам како ќе се поправам, но што да правам ѓаволот не ми дава мир, рекол тогаш Митар, а пренесе Курир.рс.

Митар исто така е голем љубител на убавата чашка, па медиумите пишуваат дека Митар има тешко пијанство и има проблем со големите количини на алкохол кои ги конзумира.

Тој на еден настап во Австрија толку многу пиел што потоа во хотелската соба направил вистински ха ос.

Митар под влијание на алкохол направил дупка во телевизорот. Пејачот утредента бил повикан од организаторот на австријската турнеја и рекол дека не му работи телевизорот во станот.

– Човекот отишол да види за што станува збор, и кога влегол во апартманот, доживеал шоk!

Тој којзнае со што направил голема дупка и уште истурил две литри сок, а сокот направил уште поголем хаос.

Во собата во која спиел имало изгаснети цигари на тепихот, цел стан бил уриниран. Организаторот почнал да вика на Митар, а тој се правдал дека ништо не се сеќава, па потоа се извинувал.

Тогаш се договориле дека нема да пие до крајот на турнејата, открива изворот.

Извор: Ало.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button