Познатиот македонски фолк-пејач низ песна го откри името на НОВОРОДЕНИОТ син – еве како ќе се вика четвртото дете
Популарниот македонски пејач го покажа штотуку родениот син.
Еден од најпопуларните македонски пејачи пред само неколку дена го доби своето четврто дете, односно доби уште еден син.
Ѓоко важи за еден од најбараните пејачи во земјава, но и во дијаспората, па речиси и да нема семејна веселба без Ѓоко и неговиот бенд.
Освен што е одличен пејач, тој важи за котатко и сопруг.
Пред само една недела тој стана татко по четврти пат, односно на свет дојде уште еден син, а пејачот веста ја сподели на социјалните мрежи.
– Денс нашиот дом повторно блесна со среќа, насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно ангелче во нашето семејство. Мојата сопруга Ивана ми роди син. Нека е жив и здрав, благословен и благослови да дели!-напиша Ѓоко на Фејсбук.
Тој и неговата преубава сопруга Ивана се родители на 3 деца, Теодора, Михаил и Јоан, името на четвртото дете го соопшти преку песна.
Имено Ѓоко на социјалните мрежи утринава го покажа штотуку родениот син. Тој тивко му пееше додека нежно го држеше бебето во прегратки и низ песна соопшти дека бебето се вика Дарин.
Додека тато му пееше малото ангелче го гледаше, па во еден момент се чинеше дека мирно заспа.
Пејачот често вели дека семејството е негово најголемо богатство и важи за посветен сопруг и татко.
Дека е најдобар татко и сопруг напиша и неговата сопруга во роденденската порака, но и неговите две деца.
– Му благодарам на Бога што го испланира твоето постоење и те зачува за мене. Да си жив и здрав многу, многу години!! Среќен роденден љубов-напиша Ивана на Фејсбук.
„Најсреќен роденден на најдобриот татко на светот. Животот да ти биде исполнет со среќа, радост и бескрајни насмевки! Среќен роденден и те сакам многу“ напиша неговата ќерка додека пак неговиот син Михаил постираше фотографија и напиша: „Мојот татко е Супермен“.