Познатиот македонски пејач соопшти преубава вест – се породи неговата сопруга, еве кое име го избраа за нивниот наследник!
Некогашниот пејач по кој лудуваа многу девојки доби син.
Иако пред извесно време се повлече од јавната сцена сепак неговата приватност е премногу интригантна за јавноста.
Имено некогашниот поп-пејач Маријан Стојановски доби син, а откри и како ќе се вика.
„Добредојде синко Петар“ напиша пресреќниот татко на Фејсбук, па следеа стотици честитки и лајкови.
Тој е неколку години во брак со неговата сопруга Наташа а ова е нивно второ дете.
Кон крајот на 2019 година тој ја запроси убавата Наташа, за која јавноста на почетокот не знаеше ништо, па се ширеа шпекулации.
Летото во 2020 година запловија во брачните води, а во фотографиите кои ги објавија на оцијалните мрежи можеше да се забележи и дека Наташа е во поодмината бременост.
Недолго после тоа тие ја споделија прекрасната вест. Двојката ја доби ќеркичката Вероника, која е нивно најголемо богатство и радост.
-Добре ни дојде ќерко Вероника“, напиша гордиот татко.
Пејачот Маријан Стојановски кој по потекло е од Крушево, сега живее во Скопје, каде е вработен во Македонската опера и балет и целосно се повлече од естрадата.
Тој на македонската музичка сцена се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанин школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.