Познатиот водител не крие колку е вљубен во својата сопруга – МАКЕДОНСКАТА пејачка од него доби преубава порака
Успешната, пејачка и харфистка Сара Костадиновска, во јавноста позната како Сара Мејс има причина за славење.
Таа веќе неколку години е во брак со водителот Димитар Атанасовски со кој имаат и преслатка ќерка Илина.
Сара и Димитар важат за еден од најскладните парови во земјава и често на социјалните мрежи споделуваат и приватни фотографии и ги споделуваат убавите моменти и со фановите.
Ќе се слави во нивниот дом, денеска е роденден на Сара, а Димитар со убава порака и честиташе роденден.
„Среќен роденден на нашата мајка кралица“ напиша Димитар.
Секако следеа низа честитки кои Сара ги сподели на својот Инстаграм профил.
Имено Сара полни 31 година и изгледа неверојатно!
Инаку Сара и Димитар се венчаа во 2017 година, а невеста избра тесната венчаница со впечатливи транспарентни делови која истакна нејзината линија, а пак долгата коса придонесе за ултра впечатлив ефект.
Двајцата изгледаат пресреќно и се посветено родители кои секој слободен момент го минуваат со својата ќрека.
Во интервју за „Гламур“, Сара откри колку се променила откако станала мајка.
„Највеќе си ја чуваме јас и Димитар па така не пропуштаме ниту еден нов момент од нејзиното созревање. Тука се и нашите родители, братучетка ми или прабаба ѝ, така што, од сите страни е во добри раце? а дали сум сменета? Па, не знам … мислам дека да, но позитивно … Открив нова димензија ЉУБОВ … #Илина“ вели Сара.
На прашањето каков сопруг е Димитар, Костадинова вели:
Уф. Тешко прашање. Мажот секогаш мисли дека дава се од себе, а на жената никогаш не ѝ е доволно. Помага, а највеќе кога е одморен. Одличен татко е, Илина го обожава. Исто и сопруг. И жена му така“ вели Сара за „Гламур“.