Холивуд

Познатиот актер ја запроси својата поранешна сопруга – и подари дијамантски прстен од милион долари (фото)

Advertisement

Весел Божиќ…

Advertisement

Познатиот холивудски актер Теренс Хауард овој Божиќ одлучи да и даде нова шанса на неговата стара љубов, па затоа ја запроси својата поранешна сопруга Миранда Пак. Актерот кој на јавноста и е познат по филмовите „Batler” и “Iron Man”, со Миранда првпат се ожени во 2013 година, но само две години подоцна тие решија да се разделат.

 

https://www.instagram.com/p/Br0aGXZgJ-e/

Advertisement

Тоа дека се уште ја сака го потврди и на Инстаграм каде што ја објави веста дека повторно ја запросил.

„Не знаеме колку долго ќе биде нашиот живот, но знаеме дека може да биде многу краток. Ми требаа 45 години за да те пронајдам, душо. Ми требаа 45 години. Сега, кога конечно те имам во својата 50-та година, ќе го поминам остатокот од мојата вечнос со тебе. Се надевам дека сите ќе најдете некој што ќе ве исполни, бидејќи тоа е најважното нешто. Те сакам! ” и порача Теренс на својата сакана во видеото што го сподели со обожавателите, а и таа му одговори дека го сака.

https://www.instagram.com/p/Br0nhCGA_an/

 

Парот од првиот брак има две деца, синовите Хероа и Квирин, а тој има и три деца од бракот со Лори МакКомас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button