Познатата фолкерка со ИТНО предупредување- „Имам симптоми неколку дена и тоа е веќе потврдено“
Убавата фолкерка сподели важна вест на својот фејсбук-профил.
Додека коронавирусот е во полн ек и бројките постојано растат, македонската фолкерка напиша статус на кој вели дека секој кој бил во контакт со неа во последните 10 дена мора да се тестира.
И додека сите помислија дека Ирена Спасовска има симптоми на корона вирус, оние кои ја прочитаа пораката до крај сфатија за што се работи.
Имено Ирена во време кога многумина се загрижени, таа најде начин да ги насмее сите со еден интересен статус.
-ИТНО … ИТНООО ‼
Секој кој бил во контакт со мене во последните 10 дена, треба да се тестира задолжително …
Имам симптоми неколку дена и тоа е веќе потврдено …
Многу ми е жал
Дијагноза: неодолив шарм, насмеана, забавна, дружељубива, културна, малку зафркната, а се тоа е многу заразно …
Ви благодарам на вниманието!-напиша Ирена и ги насмеа сите.
Ирена е и доста активна на социјалните мрежи.
Најчесто споделува фотографии од своето секојдневие, а неодамна напиша и статус по повод празникот Свети Јова и предизвика бурни реакции.
„За Водици ќе се фрлам кај тебе у туш кабина. Укључи бојлер“, напиша Ирена.
Кому му е посветен овој статус не се знае, но скоро сите медиуми го објавија.
Ирена е слободна и згодна жена и постојано е поврзувана со различни мажи со кои има блиски средби.
Она што може да се забележи е тоа дека пејачката изгледа подобро од било кога, а тоа не е случајно. Имено, таа ги засука ракавите и се фрли на вежбање, па мора да се признае дека раѓа со плод.
Таа на социјалните мрежи во последно време се почесто објавува од своите напорни тренинзи во теретана, од кои можеме колку сериозно е решена да ја доведе својата линија до совршенство.