Познатата пејачка распали на Фејсбук, па веднаш следеше одговор од 5000 медицински сестри
Популарната пејачка распали на социјалните мрежи, но ваков одговор не очекуваше.
Пејачката која важи за човек со големо срце кој се обидува да помогне секогаш и секаде, деновиве доживеа непријатна ситуација.
Биба Додева храбра и борбена, сподели дека доживеала непријатна ситуација на една од скопските клиники, па го сподели своето искуство, жалејќи се од медицинскиот персонал.
„Кога запослуваат сестри кои немаат појма вена што е, а не па да земат крв. Смрдли. Немам веќе разбирање и љубезност кон непрофесионалци, принаучени гугл лаици, смрдли исфрустрирани, покондирани фуфици кои ми грешат доза на терапија и да не видев ќе ме утепаа со грешни дози, од идиоти неспособни кои одлучуваат, а кои се штетни за мене и моето семејство. Прекардашили сте! Све по список“, напиша Биба под објавената фотографија на која се гледа модринката на нејзината рака.
Сепак реакција стигна многу брзо, па од здружението на медицински сестри веднаш стигна реакција во која побараа и извинување.
„Почитувана, бараме јавно да се извините и да ги повлечете своите изјави во кои го валкате угледот на нашата професија.
Ние досега немаме слушнато за сличен случај, во кој јавното влијание се користи за деструктивни цели наспроти поддршката која ни е потребна во еден ваков турбулентен период.
За изолираниот случај постои Закон за заштита и права на пациентите преку кој можевте да побарате соодветна одговорност од виновникот.
Мудроста на нашата хумана професија не е да судиме, туку да умееме да си ја сакаме професијата, колегите и пред сè пациентите.
Жал ни е за вашето лошо искуство, но уште повеќе жалиме за навредите кои индиректно ги упативте кон медицинските сестри кои го загубија својот живот во текот на пандемијата, кон оние кои деноноќно се во болниците, ординациите, операционите сали, интензивните неги, центрите за дијализа, ковид центрите, во родилните сали, во здравствените домови … на само чекор до болните.
Најголемиот пријател на човекот се делата, а во нашата професија тие се секогаш пред нас.“ напишаа од Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.