Познатата македонска водителка во досега невидено издание – Шармантната Миланка никогаш не изгледала подобро!
Познато ТВ лице, коментатор на „Оскарите“, „Евросонг“, водителка на бројни фестивали и манифестации.
Важи за една од најпрефинетите дами кои може да ги видиме на малите екрани.
Миланка Рашиќ која е познат новинар и ТВ водител деновиве објави фотографија од плажа, па покажа дека навистина ужива.
Како и многумина и таа се разладуваше на брегот на Охридското езеро, па објави фотографија во костим за капење.
„Посебно убаво ми е деновиве езерото, од вода не излегувам“, напиша таа па додаде дека е среќна и слободна.
Висока и згодна, нема сомнеж дека Миланка ги собрала сите погледи на плажа.
Токму за тоа зборуваше и во едно интервју за „Точка“.
– Кога ќе ме видат првпат во живо луѓе кои ме гледале само на телевизија, не можат да се изначудат! Камерата додава килограми и тие очекуваат да сум покрупна и повисока, а јас сум висока 170 см и носам конфекциски број 38!
Во парк кога сум во тренерки и патики, по три пати ме погледнуваат за да се уверат дека сум јас“, рече Миланка.
Миланка откри дека нејзиниот избор е медитеранска исхрана, многу овошје и зеленчук, маслиново масло, јаткасти плодови, мешунки и житарки и пие многу вода.
„Сето ова е посебно добро за здравјето на срцето. Веќе 3 години секој ден го започнувам со топла вода со лимон и сода бикарбона, што е чист Ц витамин. Потоа лажиче органски бронхи мед од моите пријатели Кировски кој ми го носат од Кочани.
Секако дополни дека не пие газирани сокови, брза храна и го намалила внесувањето на благо млеко.
„Не си забранувам ништо, но ретко пробувам од омилената чоколадна торта. Почесто бирам здрави слатки од урми, ореви и какао. Зашто без слатко, нема живот за мене“, открива Миланка за „Женски Магазин.
Миланка важи за жена за која се чини дека времето застанало и изгледа подеднакво убаво како првиот ден кога се појави.