Познатата водителка на прошетка со својата колешка и нивните НАСЛЕДНИЧКИ – толку убавина на едно место не сме виделе
Поранешната водителка на „Брза кујна“ неодамна соопшти дека работи на нов проект и ја промени телевизиската куќа.
Иако нејзиното лице и прекрасна насмевка долго време го гледавме на кулинарското шоу „Брза кујна“ на „Сител“, шармантната Александра Илиевска си замина.
Таа почна да работи во Канал 5 во утринската програма „Здраво Македонијо“.
Со оглед на тоа дека е доста активна на социјалните мрежи, постојано споделува фотографии од новото работно место и од колегите, па повеќе од очигледно е дека Александра ужива во работата.
Александра со некои од колегите се дружи и приватно а сега заедно објавија и фотографија.
Имено заедно со убавата Милена Антовска која е бремена и заедно со нивните ќерки, двете водителки заминаа на прошетка, па сите заедно позираа.
Двете водителки со насмевки на лицето едноставно блескаат, а бремената Милена има посебен сјај.
Инаку Милена е веќе неколку години во брак со Гордан, а круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија.
Милена често објавува фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи, но за разлика од нејзината колешка Александра таа не го крие лицето на малата убавица Марија Лана.
Додека пак Александра во тој поглед е порезервирана, па лицето на својата ќерка Сара сè уште го нема покажано на социјалните мрежи.
Имено Александра и нејзиниот сопруг на почетокот на годинава се остварија во улога на родители и ја добија ќеркичката Сара.
Иако не помина долго Александра се врати во топ форма, па нема ни трага од вишок килограми.