Еден од најпознатите турски актери Исмаил Хаџиоглу последнава недела е топ тема во турските медиуми – причината ќе ве шоkира.
Имено, пред повеќе од месец дена во јавноста почна да шпекулира дека неговта сопруга Дујгу Кумарк со која има ќерка, одлучи да се разведе од актерот.
Како што тврдат турските медиуми, 34 годишниот Исмаил и неговата сопруга навистина се разделиле, а потоа тој замина на одмор каде што е виден со партнерката од серијата „Дете“, 28 годишната Мерве Чагиран. Со неа е во тајна врска некоклку месеци.
– Точно е дека Исмаил и Мерве заедно отидоа на одмор. Тие двајца веќе некое време се во љубовна врска, но не сакаат да зборуваат за тоа, бидејќи Исмаил до пред неколку месеци беше оженет. Најинтересно од се е што Мерве често доаѓала во куќата на актерот, дури ја запознала и неговата сопруга, зборува близок пријател на актерите.
– Хемијата помеѓу нив двајца беше токму видлива на сетот. Едвај чекаа да започнат сцените каде тие се бакнуваат, толку многу уживаа што понекогаш беше и незгодно да се гледа. Дури неколку пати отидоа и предалеку во гардеробата. Воопшто не се замараа со другите околу нив, зборува извор кој не сака да биде откриен неговиот иидентитет, ама бил дел од сетот на серијата каде тие двајца заедно играат.