Погледнете каков фраер бил Џамбазов во младоста – „исплива“ стара ФОТОГРАФИЈА, во вакво издание не сте го виделе досега!
Познатиот шоумен сподели фотографија стара 40 години.
Уште од мали нозе е на малите екрани, а веќе неколку децении се чини дека неговата популарност само се зголемува.
Игор Џамбазов е човек кој го препознаваат сите генерации, а на неговиот шарм паѓаат и ден денес, а сега покажа дека во младоста бил навистина згоден.
Имено Игор на Инстаграм сподели фотографија од војничките денови и објави фотографија во војничка униформа пред 40 години.
„Кад сам млаѓан војник био ја … “Точно пред 40 години … -напиша Игор.
За кратко време собра еден куп лајкови и коментари во кои сите воодушевено му порачаа дека бил млад и убав, а сега останал да биде само убав.
Многумина се присетија и на улогите кои Игор ги играше во својата младост, па ги асоцираше на „Волшебното самарче“ и „Викенд на мртовци“.
Инаку Игор Џамбазов со актерството започнува да се занимава уште на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватролав Мимица. Потоа, на 12 годишна возраст ја игра улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.
По дипломирање работел во Драмски театар, а потоа и во МНТ каде сè уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.
На само 12 години, во 1975 ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владеела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката, а се досега Игор може да се пофали со многу хитови зад него.