Погледнете како познатиот македонски политичар и го честиташе РОДЕНДЕНОТ на неговата сакана – ќе се воодушевите!
Политичар кој не се штеди на убави зборови кога се работи за неговата сопруга.
Мухамед Зекири е потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, прв Албанец во историјата на партијата кој ја презема оваа функција.
Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера се „лудо“ вљубени, а политичарот не се штеди на зборови кога станува збор за покажување љубов кон неговата сакана.
Често споделува заеднички фотографии, па така и сега по повод нејзиниот роденден тој со емотивна порака и честиташе на својата поубава половина.
-Ти си прекрасна мајка, сакана сопруга и фантастично човечко битие. Среќен роденден на мојата сакана-напиша Мухамед, а под објавата се редеа честитки.
Фотографијата која тој ја објави е од нивата свадба, а Бисера е во венчаница и едноставно сјае!
Со оглед на тоа дека Бисера изгледа неверојатно не е ни лудо што Мухамед е вљубен во неа.
Инаку Бисера Јордановска е поранешна директорка на телевизија Алсат, а се венчаа во 2019 година во луксузниот хотел „Хилтон“, а кум на свадбата беше премиерот Зоран Заев.
Круна на нивниот брак е ќеркичката Далиа, додека пак Мухамед од првиот брак има уште две деца.
Иако се различна религија се чини дека љубовта е посилна од се и секогаш победува, па во едно гостување на „Магазин“ Зекири откри како е да се биде во брак со човек од друга религија.
„Најважно е да си човек, не е битно кој од која религија е. Ние сме во прекрасна заедница, прекрасно се вклопуваме и се разбираме. Љубовта секогаш е во преден план, секогаш победува. Никогаш не игра улога кој од која религија е. Затоа, повторувам, најбитно од се е да си човек.
Нема ништо не ни претставува пречка. Многу е убаво чувството кога заедно чествуваме различни празници. Ни се случи Рамазан да се вклопи со Велигден, па на софрата имавме и ифтарски ручек и велигденски јајца“, кажа Зекири и даде совет до сите парови кои можеби имаат проблем со неприфаќање на нивната врска да го следат своето срце и да не се грижат којшто зборува.