Познатиот турски актер Кемал Ипекчи кој нашата публика го запозна преку популарната серијата „Двоен живот“ во детството немал премногу пари, па затоа и својот син реши да го научи на важна лекција за скромноста.
Маркантниот турски актер Булент Инал, кој го гледавме како Кемал во серијата „Двоен живот“ своевремено бил голем заводник. Заради него, пишуваат турските медиуми, неговите поранешни девојки, познатите убавици Беран Сат и Туба Бујукустун, веќе десетина години се во лоши односи.
Рака на срце, жените и денес воздивнуваат по него, но тој своето срце и го подари само на една – Мелис Тујсуз, со која исто така се запозна за време на снимање – имено, додека тој беше пред камерите, синооката убавица Мелис беше задолжена за костимите што ги носат актерите во серијата.
Мелис е лек за мојата душа изјави во една пригода Булент за својата 12 години помлада девојка со која се ожени во 2011 година, а една година подоцна го доби синот Чинар. Тој убеден во народната пословица дека мирот во домот е најголемото богатство, тој за својата сопруга изјави:
„Мелис секогаш е насмеана, позитивна и среќна личност. Единствена која можеше да ме направи да бидам подобар. Таа навистина ме сака, и јас ја сакам неа. Изгледа дека нашата љубов е поголема откако сме во брак.“
Петгодишниот Чинар многу личи на својот познат татко, а како што вели Булент, никогаш нема да заборави колку бил среќен кога дознал дека ќе стане родител. Имено, неговата сопруга му се јавила додека бил на снимање и му кажала дека има убав подарок за него. И бидејќи повремено знаела да го изненади со по некоја ситница, тој бил убеден дека станува збор за тоа. Но кога стигнал дома, го пречекала со кутивче во кое имало патики за бебенце и книга за татковци. Булент не можел да се воздржи и заплакал од среќа.
Роден во рурален дел од Турција, Булент сака на својот наследник да му обезбеди што подобар допир со природата, а својот семеен дом го подигна во областа Тарабија на европската страна која гледа на Црното море. Како што вели самиот, имал прекрасно детство, по цел ден се забавувал по ливади и сокаци, па сакал и на синот да му овозможи нешто слично.
Па така сега малиот Чинат може да прави ногу работи кои во централното градско подрачје на Истанбул не може да ги прави. Нивниот дом е во рустичен стил, прилагоден за нивното синче и за неговите потреби, па повеќе личи на идилична селска куќа отколку на вила на еден од најпознатите и најбогатите турски актери.
Неговата мама постојан споделува прекрасни фотографии од нивното гнездо кое се наоѓа на периферијата на Истанбул.
„Заради ветровите од север, тука преку лето е многу посвежо отколку во другите делови на Истанбул“, изјави Булент во едно интервју. Погледнете го нивниот дом: