Погледнете како Адријана Алачки си поминува во Сибир: „На ова место, мечка во секое време може да ви тропне на прозор!“
Пејачката и водителка на едно од најпознатите кулинарски шоуа во Македонија „Вкусот на традицијата“ замина на далечниот Сибир.
Адријана Алачки замина на познатиот Меѓународен гастрономски фестивал „Баикал грил фест 2019“ кој годинава се одржува во Нижнеангарск во Сибир.
Алачки за да стигне на фестивалот патува повеќе од цел еден ден, а на патувањето замина заедно со Стево Карапанџа, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ. На фестивалот ќе присуствува и Томас Гуглер, претседателот на Светската организација на шефови на кујни што обединува национални кулинарски здруженија од над 150 држави во светот.
Адријана на фестивалот ќе биде со две функции – како претседателка на македонскиот Гастромак, и како автор и водителка на нејзиното кулинарско шоу „Вкусот на традицијата“. Таа во далечниот Сибир ќе ги промовира нашите традиционални јадења, а како си поминува на ова патување можете да видите и од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи.
„Од другата страна на Бајкал, Ајаја, се живее токму како на овие фотографии и тоа само тројца луѓе. Заштитен е со закон овој национален парк каде може мечка да ви тропне на прозор во секое време. Тука ја пробавме чорбата со најуникатниот вид на риба што се смета дека е од неолитот. Забранета е за ловење, но во чест на гостите беше дозволено..ќофте од бајкалската риба и планински чај . Преубав си Бајкале “ напиша Алачки во една од своите објави од Сибир.