Погледнете каква убавица е поранешна сопруга на новото момче на Цеца – фановите во шок, таа сега е во врска со многу познат пејач!
Згодниот белградски угостител Богдан Срејовиќ (38) е новото момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а неговата поранешна сопруга е во врска со нејзин колега.
Имено, Богдан од претходниот брак има петгодишна ќерка Искра со која е многу поврзан. Тој ќерката ја доби од бракот со Зорана Тасовац, сегашната девојка на популарниот пејач и пријател на Цеца, Саша Ковачевиќ.
Една година по разводот, Зорана се запозна со Саша Ковачевиќ, со кого и денес е во врска. Таа со нејзиниот поранеше сопруг по разводот и краткиот брак добро се сложуваат, а и често се гледаат заради наследничка.
„Богдан, неговата поранешна сопруга се големи пријатели. Тие се почитуваат, а на нејзиниот сегашен партнер Саша му е ОК кога го минува време со нив на заедничките состаноци. И секогаш кога се заедно сите се насмеани“, вели извор близок до парот, пишува српскиот „Глоси“.
Да потсетиме, те се запознале на роденденот на една пријателка на Цеца, а по неколку недели дружење запловиле во романтична врска.
Инаку, медиумите пишуваат и дека новото момче на Цеца е пријател со Владимир Вуксановиќ, со кого пејачката порано беше во врска, а за тоа сведочат и нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Богдан кој денес е во угостителскиот бизнис порано се занимавал со манекенство, па најверојатно од таму и се познава со Владимир.
Владимир инаку е најпознат како поранешен свршеник на Наташа Беквалац, а Цеца никогаш јавно не признала дека била со него пред Ната, уште во 2009 година, иако тогаш во медиумите се пишуваше дека пејачката е во врска со згодниот манекен кој е 14 години помлад од неа.
Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Принтскрин/ ТВ Пинк
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ