Повеќе од 13 години е вегетаријанец и не користи службено возило- Градоначалникот на Струмица е еден од политичарите за пример
Откако стана градоначалник на Струмица се почесто е активен на социјалните мрежи.
Костадин Костадинов е поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.
Од 2016 до 2017 година бил вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија, а сега повторно ја има честа да го води градот.
Често споделува приватни фотографии, но и фотографии од неговото работно место, па лесно може да се забележи дека Костадинов е навистина посветен и на семејството и на работата.
При гостување во емисијата „Магзаин“ на Сител тој сподели неколку детали за себе кој јавноста до сега не ги знаеше.
Костадинов откри дека е ранобудник и дека оди на работа уште во 7 сабајле, па на некој начин сака да покаже дека тоа е редот, но сепак вели дека не сака да врши притисок, па останатите од вработените си доаѓаат на работа во 8 часот.
Додека беше пратеник тој користеше патни трошоци, но откри дека сега не е така и дека не користи службено возило кое е наменето за градоначалникот.
Тој исто така откри дека неговиот број може јавно сите да го видат и да стапат во контакт со него во секое време.
– Апсолутно, сега сум гостин во вашата емисија, и треба да ме разберат дека не можам веднаш да им одговорам. Можат да ми пишат порака, и по завршувањето на емисијата, ќе добијат одговор, рече Костадинов.
Тој за приватниот живот откри дека е вегетаријанец веќе 13 години и не консумира млеко и месо, но призна дека не може да одолее на месените работи од неговата баба, рижото и салата.
Костадинов неодамна ја запроси неговата девојка Марија Десанова, па откри дека планираат патување, но сето тоа ќе зависи од неговите работни обврски и секако коронакризата.
„Тоа е најважниот момент за мојата сопруга, мојата партнерка што знае да ме следи и во работата и во авантурите, и во уживањето и во животот.
Тоа е формулата за успешен брак според мене. Ако немаш човек којшто не може да те следи, навистина би било само пречка. Дури и во авантурите коишто ги планираме. Заедно, навистина го уживаме животот“, рече Костадинов при гостувањето во „Магазин“.