18.10.2020 година голем ден за Македонската православна црква, се одблежаа 1000 години од Бигорскиот манастир.
На Боженствената литургија присуствуваше Владиката Г.Г. Стефан како и најголемиот државен врв.
Г.Г. Стефан во својот говор изјави дека овој милениум е победителот над времето и над вековите.
Бигорскиот манастир е најпрепознатливиот сведок на нашата црковна реалност и на нашата подготвеност и потврда на нашето право за црковна самобитност во православниот свет.
Но, свесни сме дека во православното живеење и творење ништо, ниту почнува, ниту се остварува без благословот и молитвеното застапништво пред милосливиот Бог за преуспевање и за напредок“, рече архиепископот г.г. Стефан.
На вчерашната прослава на одбележувањето 1.000 години од постоењето на Бигорскиот манастир – Свети Јован Крстител, се обрати и македонскиот претседател Стево Пендаровски.
– Кога, за момент, на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот.
Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител.
Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони.
Би биле сведоци на илјада празнувања на Христовото раѓање и воскресение. Би виделе како манастирот прераснува во извор на духовноста, писменоста, и преродбата, каде што дејствувале луѓе кои несомнено биле далеку пред своето време – Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Анатолиј и Партениј Зографски и браќата Миладиновци – истакна претседателот Пендаровски.
На оваа боженствена прослава се делеа и благодарници на оние кои чесно му служеа на манаститирот, меѓу наградените беа и браќата Стефан и Мартин од Некст тајм, Влатко Лозановски и Димитар Андоновски.
Секоја чест за нашите македонски пејачи, вака се негува традицијата и верата.