По нападите поради вишокот килограми, Ана Николиќ се соблече во костим за капење и им ги запуши устите на хејтерите
Позираше во костим за капење и ги воодушеви сите

Пејачката Ана Николиќ направи пауза со кариерата откако остана бремена и ја роди својата ќерка Тара. Таа неодамна во една емисија на телевизија Пинк ја отвори својата душа и зборуваше за овој период од животот, но и се пожали за нападите што ги има поради вишокот килограми.
Имено, одредени медиуми објавија гласини дека ана направила липосукција и за истата платила 10.000 евра, по што пејачката ги демантираше овие информации како неточни.

Но и покрај критиките, очигледно е дека пејачката својата линија повторно ја донела до совршенство, а тоа го покажа и деновиве.

Имено, Ана објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира на базен во костим за капење, а нејзините обожаватели буквално ја поплавија со позитивни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.