Реклама
LIFESTYLEВирално

Пиете од овие шолји за кафе? Не сте свесни колку се штетни по здравјето

Реклама

Чашите од бамбус се повеќе еколошки и попогодни ако земате кафе за надвор, но германските истражувачи тврдат дека овие чаши се штетни по здравјето затоа што содржат соединенија кои се опасни по здравјето, пренесува DW.

“Креаторите на овие чаши ги рекламираат како да се направени од бамбус или од бамбусови влакна, но често не ги спомнуваат влакната кои се во прав, и кои се лепат во форма на чашата. Тоа е меламин смола, еден вид лепило “, вели истражувањето.

Меламин предизвикува оштетување на бубрезите и мочниот меур, додека формалдехидот може да и наштети на кожата, респираторните органи, очите и така натаму. Понатаму, истражувачите тврдат дека меламинската смола е безопасна на температури под 70 Целзиусови степени. Меѓутоа, кога во чашата се влева врело кафе, таа температура може да биде многу повисока.

Маркетинг

Истражувачите ги тестирале чашите пополнувајќи ги со малку кисела течност слична на кафе, а потоа ја задржале на 70 степени околу два часа. Потоа ја тестирале течноста и ја повторувале постапката седум пати. Во седум чаши откриле „многу висока содржина“ на меламин, а некои содржат и големи количини на формалдехид. Само една од 12 чаши не содржеше штетни хемиски соединенија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button