Многумина забележаа дека пејачката има некое килце повеќе
Имено кога се појави на отворањето на еден ресторан во Калифорнија, во тесен фустан украсен со златни светки, сите гледаа во нејзините облини.
Но очигледно на Бијонсе не и пречат коментарите поврзани со нејзиниот изглед. Таа изгледаше поприлично самоуверено и во ова издание, а познато е дека е вистински хедонист и дека сака да ужива во храна и пијалаци, па и да го живее животот со полни гради, без премногу да се „стега“.
И тоа е сосема оправдано додека некој се држи во одредени граници, а мораме да признаеме дека Бијонсе и во ова издание изгледа феноменално. Тоа го кажуваат и многу други кои во коментарите не криеја дека убавата пејачка им се допаѓа и тоа многу повеќе со вакви, поизразени облини.
Во продолжение погледнете како изгледа во своите последни изданија на социјалните мрежи…
Што мислите вие?