Откриена е голема тајна за новата снаа на Лепа Брена – еве што велат СОСЕЛАНИТЕ каква е Сандра, конечно исплови вистината
Фановите на Брена се интересираат и за убавата девојка
Откако за медиумите најпрво се огласи Звездан, таткото на Сандра Миљаковиќ, емотивната партнерка на Виктор Живојиновиќ, сега тоа го направи и неговата снаа Велимирка, сопруга на неговиот брат Будимир.
„Сандра беше кај нас скоро. Таа е прекрасно дете. Навистина му е посветена на семејството и нема проблем да се фати за работа. Иако ги завршува школите и има свои обврски секогаш ќе дојде и тука, ќе ги засука ракавите и прва е во борбените редови кога се работи“ вели таа за „Свет“.
„Искрено да ви кажам зетот се уште не сум го видела. Можеби има свои обврски во Белград, а можеби му е срам да дојде, па само една година се во врска. Тие двајцата најдобро знаат што е добро за нивната врска и кога нивните семејства ќе се запознаат“, додава сопругата на Будимир.
„Не затоа што ми се блиски, но навистина се вредни, работни и поштени. Тие завршија со бербата на малини, сега работат на капините. Поштено и чесно семејство. Но ако Брена навистина стане дел од него, тоа ќе биде прекрасно“, вели Велимирка и додаде дека досега нивното село не било познато во јавноста, но сега сите зборуваат за него.
„Навистина им ја посакувам целата среќа на овој свет, ако биде свадбата идната година, па тоа ќе биде настан за овој крај“.
„Сигурна сум дека и орото ќе го водам“, вели Велимирка за „Свет“.
Сандра по потекло е од селото Будиловина, во близина на Брус, каде и сега живее нејзиното семејство.
Нејзиното семејство живее во близина на центарот на селото, во голема куќа, направена од цигли, со голем двор.
Како што пишуваше неодамна српскиот Курир, и комшиите имаат само пофални зборови за оваа 26 годишна девојка која од појавата на корона живее во вилата на Брена.
„Таа е убаво воспитана, секогаш била одличен ученик, студент, дете за пример. Знае и да готви, скоро правеше слатко, беше тука пред две недели“, изјави тогаш нејзиниот горд тато и додава дека и покрај тоа што неговата наследничка престојува во куќата на Брена, се уште не се таму официјално преселила.
„Таа се уште плаќа стан во Белград. Со момчето е во вилата веројатно заради коронавирусот, полесно е кога се заедно. Таа од мала има работни навики, работеше кај мене во работилницата, береше боровинки за надница, не се плаши од работа. Еве кога последен пат беше тука, беше во куќата на мојата мајка, својата баба, која има 86 години и ја негуваше. И помагаше и ја среди целата куќа, ги изми пердињата, нема нешто што не прави“, вели нејзиниот татко.
„Ние се трудевме убаво да ја воспитаме, малку ја разгаливме бидејќи е најмлада. Јас посакував третото дете да ми биде ќерка и ми се исполни желбата. Таа е иста како мене, личи на мене и јас сум горд на неа“, заврши Звездан.
Извор: Еспресо.рс, Курир.рс, Гламур