Откако ја победи тешката болест Лила во „Се’ или нешто“ се појави во НАЈКУСОТО здолниште и ги воодушеви гледачите (фото)
Уште едно фантастично издание на Лила…
Водителката Лила Филиповска во последно време блеска кога и да ја видиме на малите екрани, иако поминуваше низ голема животна драма. Имено, таа неодамна отворено зборуваше за нејзината борба со опаката болест, од која што излезе како победничка, па со нејзината исповед таа сака да им помогне на сите оние што се наоѓаат во слична ситуација.
Но и покрај тешкиот период низ кој што минуваше, Лила не се предаваше и продолжи да блеска на малите екрани.
Впрочем таа така изгледа и сега кога оваа животна драма е веќе зад неа, и сите се согласни дека никогаш не изгледала подобро.
Тоа можеме да го заклучиме и самите од нејзиното последно издание со кое што се појави на снимањето на „Сé или нешто“.
Облечена во најкусото здолниште во кое што сме ја виделе, со суптилен шлиц во предниот дел, таа никого не остави рамнодушен.
Имено, Лила за оваа пригода избра црно кусо здолниште со кое во преден план ги истакна нејзините убави нозе, а целото издание го заокружи со црна кошула и нејзината кратка фризура која и стои одлично.
Таа се снимаше во ова свое добро расположение, а гледачите како и секогаш беа воодушевени од нејзината харизма и убавина.
Како таа изгледаше во ова свое издание и зошто важи за една од нашите најубави и најатрактивни водителки погледнете во продолжение.
Таа со својот шарм веќе со години ги освојува симпатиите на публиката и сите уживаат додека ја гледаат на телевизија.
Но покрај својот ангажман како водителка, Лила е поприлично активна и на социјалните мрежи преку кои нејзините обожаватели можат да ја видат во најразлични пригоди и како го минува слободното време.
Нејзините објави секогаш се проследени со бројни лајкови и коментари, а така беше случајот и овој пат.
Таа на многумина им се допадна во ова издание, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Повеќе фотографии на Лила погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска