CelebrityНовости

Она што и го направи свекрвата на Тања Савиќ е бpyтално – таа е шокирана од однесувањето на мајката на нејзиниот сопруг!

Advertisement

Пејачката Тања Савиќ минува низ агонија заради она што и го прави нејзиниот сопруг.

Advertisement

Таа од април ги нема видено своите синови Максим и Ѓорѓе кога Душан ги однесе во Австралија. Како што самата вели, тоа што се разделени повеќе не може да го поднесе, иако дава се од себе да остане силна. Таа овој пат откри како успеала да го добие постариот син Максим, но неговата баба му кажала да го прекине разговорот со неа.

„Не можам да се слушнам со синовите. Буквално не ми дозволуваат да се слушнам со нив. Ми се јавивте токму кога се обидував да ги добијам децата. Најпрво вртев на бројот на Душан, но тој не ми се јавува. Тогаш вртев на фиксниот. Почнав во последно време да вртам на фиксниот.

Advertisement

„Кога ќе ми стигне сметката за телефон, нема да ми биде добро. Ми се јави постариот син, исплашен. Ни не знаеше кој ѕвони.“

„Тогаш го слушна мојот глас и јас го прашав зошто никој не се јавува на телефонот на татко им, а тој ми одговори дека таткото не е тука и дека е излезен некаде надвор. И тогаш сфаќам дека ме игнорираат сите. Во тој момент слушам како неговата баба му дофрла ‘Спушти и ја слушалката, те молам, затоа што ова е мојот телефон’. Тогаш Максим во истиот момент ја спушти слушалката. Веднаш се јавив повторно, но никој не ми се јави“, раскажа Тања за порталот „Објектив“.

Инаку, пејачката е во центарот на вниманието на јавноста и затоа што тврди дека сопругот психички и физички ја мaлтpeтиpaл.

Тој присилно ги однесе децата во Австралија, а она што е помалку познато е дека пејачката порасна во едно село во близина на Смедерево. Таа откако ќе ја започне својата музичка кариера ќе се пресели во Белград, а потоа ќе се омажи за Душан со кого ќе ги добие двата сина.

Родителите на пејачката продолжиле да живеат во селото во кое е родена Тања, а пејачката пред неколку години вложи пари во семејната куќа и ја реновираше.

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Фото: Нови ба

Фото: Курир

Со сопругот неколку години живееше во Австралија, но заради својата кариера решава да се врати во Србија.

И тогаш започнуваат и нејзините проблеми кои кулминираат откако за време на карантинот, нејзиниот сопруг ги носи нивните деца во Австралија. А од пред некое време тој не и дозволува ни да се слушне со нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button