Од огромна болка до најголема љубов, хитовите на Здравко Чолиќ кријат многу тајни – приказни кои полнат преполни арени!

Хитот на легендарниот пејач Здравко Чолиќ „Она спава“ крие една приказна за која јавноста малку знае. Тој ја има посветено на Милица Костиќ која го загубила животот пред 44 години откако паднала од 11. спрат од Рубиновите кули во Крушевац.
Тоа било во далечната 1974 година, Милица бегала бидејќи сакала да се спаси од сил ување.
Милица била учничка во средното медицинско учиилиште во Крушевац чесна и одговворна, тогаш таа била измамена од непознат маж кој ја одвел до станот.
Непознатиот маж откако и ги кажал намерите и ,и рекол да се соблече, што таа одбила и го молела да го пушти. За жал, девојката не можела никако да го спречи силу вањето. Плачела молела, но не вредело, и поради нејзината чест, одлучилаа за бегство и кога останала сама во собата, се фрлила низ прозор.
„Ноч ми те дугује“ Здравко Чолиќ и го посветил на првата љубов
– Актерката Јасна Орнела Бери и Здравко Чолиќ во младоста во Сараево се вљубиле еден во друг, а таа во едно дамнешно интервју ја раскажа нивната приказна.
„Се запознавме одамна, кога бевме многу млади. Одевме на Скендерија, во Домот на младите, во кој се собираа таленти, и таму немаше само музичари, туку и глумци, сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив“, раскажала Јасна.
Јасна пред јавноста откри дека Чолиќ ѝ ја посветил песната „Ноч ми те дугује“.
– Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него. Првпат по војната се сретнавме во Белград. Тоа е беше трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денес. Пред сè е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која сам ја напиша – откри Јасна.
„Не можам да кажам дека сме се забавувале или дека сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и денес трае. Тоа сè уште е љубов која не можете да ја помилувате или да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј“, додаде глумицата.
Погледнете денес како изгледа првата љубов на легендарниот пејач Здравко Чолиќ
Здравко Чолиќ со неговите прекрасни хитови секогаш ја вжештува атмосферата на неговите концерти , публиката секогаш задоволна и насмеана си оди дома.
Погледнете колку публика има на неговите концерти: