Од несудена правничка до жена на чија убавина светот и завидува 40 години – Моника Белучи слави роденден!

Моника Белучи го прослави својот 56. роденден!
Италјанската актерка и манекенка Моника Белучи (56), родена е на 30. септември 1964 година во Италија и повеќе пати е прогласена за една од најубавите жени на светот, а и денес изгледа совршено.
Моника има зад себе полни 40 години успешна кариера. Нејзиниот татко бил сопственик на компанија за транспорт, а мајка и била сликарка, која поглемиот дел од времето го минувала дома.
Убавата Италјанка уште од 13 години почнала да се знаимава со манекенство, а парите кои ги заработувала си го плаќала училиштето.
На свои 16 години запливала во сериозно во светот на модоата, а подоцна следеле бројни понуди за филмови, па и за сериозни актерски улоги.
До 1989 година станала една од најпрепознатливите лица на париската модна сцена, па почнала да се појавува на насловините страни од светските магазини.
Во исто време станала и омилено лице на престижните светски брендови.
Првата улога ја добила во филмот „Дракула“ во 1992 година, каде глумела една од трите сопруги на Дракула.
Одум години подоцна, во италјанскиот филм „Малена“, 2000 година и донесе светска слава и титла за најсеkси жена на светот.
Студирала право, но на крајот се откажала од факултетот и се посветила на својата кариера.
Два брака, два развода
Моника Белучи била два пати во брак.
Првиот пат пред олтар застанала со модниот фотограф Клаудио Карлос Бас (60), со кого била во брак од 1990 до 1994 година.
Вториот брак беше со глумецот Винсент Касел(52) кој моментално е во брак со 30 години младата манекенка Тина Кунакеј.
Моника Белучи како што старее е се поубава и поубава, таа е исто како и виното…
Во продолжение погледнете уште неколку преубави фотографии од оваа безвременска убавица.