Од Анџелина Џоли, до Никол Кидман – погледнете ги најгрдите фустани од Оскарите на дамите кои денес ги сметаме за модни икони
Од дамите кои ќе ги наброиме тука никој не го очекуваше ваквите модни гафови
Тие денес се меѓу најубаво облечените дами на светот, но се наоѓаат и на списокот со најгрдите фустани од доделувањето на Оскарите кои се ноќна мора на секој познавач на модата. Денес навистина е тешко да претпоставиме што мислеше Ума Турман кога во 2004 година за најважната ноќ во својот живот избра невкусен модел од „Christian Lacroix“.
Или Анџелина Џоли млада и преубава во 2000-та година кога доби награда за најдобра споредна улога, а на црвениот килим изгледаше како вампир.
Носеше црн безличен фустан до подот, а сите ги шокираше и со сочниот бакнеж во уста со нејзиниот брат.
Погледнете ги и останатите познати дами и нивните најлоши изданија на најпрестижниот црвен килим на светот.