Реклама
Новости

Овој пар има 22 деца: Луѓето згрозени – еве на колку години го добиле првото дете

Реклама

Гордите родители Сју и Ноел Радфорд се познати по тоа што го имаат формирано најголемото семејство во Британија, но и нивниот брак кој трае 30 години не поминал без подеми и падови.

ФОТО: Принтскрин

Минатата недела Сју откри дека речиси размислувала да се разведе од сопругот Ноел, со кој има прекрасни 22 деца, после една ситуација во 200-ти години, која ги оставила во долгови.

Двојката, со седиште во Моркамб, Ланкашир, се запознала кога Сју имала само седум години, пред да забремени со нивното прво дете Кристофер, кој го родила кога имала само 14 години, а Ноел имал 18 години.

Тие го добиле своето прво дете, Крис, во 1989 година.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Во 2019 година, на нивниот документарен филм на Канал 4, 21 Kids and Counting, нараторот откри дека тогаш 42-годишната Сју за првпат останала бремена „пред 29 години“, за што гледачите сфатиле дека имала само 13 години. Нејзиниот сопруг Ноел имал 18 години кога се родило првото бебе.

Еден од гледачите рекол дека ситуацијата околу раѓањето на нивното прво дете е „чудна“.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Пишувајќи на Твитер, гледачот реол: „Тие се прекрасни деца, но не можам, а да не се чувствувам чудно поради фактот што кога Ноел имал 18 години забременил 13-годишно девојче“.

Друго лице исто така напишал: „Значи, тој првпат ја забременил кога имала 13 години, а тој 17/18? Одвратно“.

Двојката претходно изјави дека биле решени да го задржат своето прво дете Крис, бидејќи и двајцата биле посвоени уште при раѓањето.

ФОТО: Принтскрин

Тие се венчале четири години по неговото раѓање, во Кендал и се преселиле заедно.

Нивното второ дете, Софи, се родило кога Сју имала 17 години.

Законот вели дека е прекршок доколку некој има каква било сексуална активност со лице помладо од 16 години.

Сепак, насоките од Министерството за внатрешни работи се јасни дека нема намера да се гонат тинејџери помлади од 16 години кога и двајцата се согласуваат меѓусебно и кои што се на слична возраст.

Освен на Крис, Сју и Ноел се родители на: Софи, 29, Клои, 27, Џек, 25, Даниел, 24, Лук, 22, Мили, 22, Кејти, 20, Џејмс, 19, Ели, 17, Ејми , 16, Џош, 15, Макс, 14, Тили, 12, Оскар, 11, Каспер, 10, Хали, седум, Фиби, шест, Арчи, пет, Бони, четири и Хајди, две.

ФОТО: Принтскрин

Нивното 17-то дете го загубило животот во 2014 година.

Семејството живее во голема викторијанска куќа од 240.000 фунти, поранешен дом за нега, која ја купиле пред 11 години.

Ноел направил вазектомија за време на деветтата бременост на неговата сопруга, но таа таа сакала повеќе деца.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button