Реклама
Наши ѕвезди

Ова е Рагнар – цимерот на најпознатата Македонка на Инстаграм

Реклама

Една од најубавите и моментално најпознати водителки во Македонија покажа каков беше Рагнар кога таа го вдоми.

Лила Филиповска откако се реши да го вдоми Рагнар, таа не ја крие љубовта кон мачорот, па иако помина извесно време откако тие двајцата делат речиси сè, Лила се потсети како изгледаше Рагнар кога првпат го зема да живее со неа.

Маркетинг

„Мало потсетување каков беше Рагнар кога го најдов. беше мокар, со две скршени нозе и прегладнет“ напиша Лила и објави фотографија од малото маченце.

Дека Лила одлично се грижи за Рагнар евидентно е и по фотографиите кои таа секојдневно ги постира заедно со него. Веќе нема ни трага од она мало и изгладнето маче.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила ужива да го прегрнува и да го снима, но се чини дека Рагнар не го сака многу објективот на камерата, но штом домаќинката треба да го покаже во јавноста, сакал, несакал – мора!

За Рагнар таа вели дека било „љубов на прв поглед“

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Љубов ли е ова или панаѓур Нејќе многу да се слика ама немаше спас па на сликава изгледа како да позира а и немаше друг избор и престанете да викате дека мачките се себични !!! Тоа што не слушаат наредби и не прават онака како што ќе им речеме не значи себичност туку цврст карактер самостојност и интегритет. А тоа што со брзина на светлоста го подобрува нашето расположение е друга приказна. Ќе ја раскажувам некој друг пат. А сега ќе се гушкам цел ден со Рагнар. Што и вам ви препорачувам…недела е“ напиша Лила во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Освен што одлично се снаоѓа како водителка и инфлуерсерка, Лила Филиповска деновиве сними и музички спот за дуетот со младиот и перспективен македонски пејач Филип Пешевски.

„Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија, а ова не е првпат Филиповска да вплови во музичките води. Во 2003 година со водителот Александар Блажевски ја претставија песната „Енигма“.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Веста за новата песна целосно ја откри нивниот заеднички пријател Зоки Фаци, кој ја разобличи мистеријата потврдувајќи на социјалните мрежи дека викендов се снимал и видеоспотот за заедничката песна на Филип и Лила, кој според неговите зборови е високобуџетен, а чиј продуцент е лично тој!

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила неодамна беше на одмор во Анталија каде уживаше во луксузен хотел заедно со својот пријател Спасе.

Таа објави и неколку кратки видеа од хотелот, при што ја покажа внатрешноста, но и преубавите базени.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила уживаше покрај истиот базен, а потоа и на преубавата плажа, а нејзините фанови посебно се воодушевија од нејзините облини, но и изборот на облека и модни додатоци кои ги избира.

Нејзиниот неприкосновен шарм и бyjните, природни o*лини едноставно маѓепсуваат на прв поглед, а од следните неколку кадри може да видите зошто Лила е една од најубавите и најпосакуваните дами во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button