Ова е најемотивното видео од Лила што сме го виделе досега – убавата ВОДИТЕЛКА го покажа синот Филип, и двајцата пресреќни!

Лила Филиповска се пофали со својот син…

Нашата позната водителка Лила Филиповска ја имаме видено во најразлични изданија, но една од нејзините најзначајни улоги во животот, а во која, за жал, ретко ја гледаме, е секако онаа мајчинската.
Имено, шармантната водителка и покрај тоа што речиси секојдневно објавува детали од својот живот на социјалните мрежи, ретко можеме да ja видиме со нејзиниот наследник, со кого таа е посебно горда.
Но Лила овој пат реши да ги изненади сите и објави снимка од една веселба, на која и двајцата се поприлично расположени.

Оваа нејзина објава многумина ја дочекаа со воодушевување, посебно помладите дами меѓу нејзините бројни обожаватели.

Инаку синот Филип е најголема љубов на македонската водителка, а колку тие се блиски можеме да видиме и од ова издание.

Лила досега беше два пати во брачните води, а Филип го доби од својот прв брак со Златко Филиповски.



Водителката по разводот од Златко се ожени со Орце Димитровски, гитаристот на „Арија“, но и овој брак не траеше долго.

Таа денес очигледно повеќе не верува во институцијата „брак“, а за тоа зборува и едена нејзин објава во која на шега вели:
„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“.

Всушност во прашање е цитат во кој очигледно се пронајде убавата водителка и симпатично се пошегува со своите фанови.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
