Ова е жената што ја одгледала во СОС Детското село – водителката Цеце со емотивна честитка за својата мајка Наташа
Познатата македонска водителка ја покажа жената која ја пораснала и која ја смета за своја мајка.
Водителката Цеце Николова е синоним за храброст, борбеност и искреност.
Цеце одамна е дел од ТВ етерот кај нас, а денес е дел и од утринската програма на Канал 5 телевизија.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Николова
Иако на почетокот на малите екрани се појавуваше со перика, таа е првата јавна личност кај нас која одлучи да се ослободи од тие стеги и јавно да проговори за болеста која ја има цел живот.
Таа од раѓање се бори со алопеција.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Николова
Алопецијата е автоимуна болест при која имунолошкиот систем, кој треба да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, ситните структури во облик на чашиче од кои расте косата.
Денес, гордо и самоуверено секаде се појавува без перика и е инспирација за сите девојки.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Николова
Цеце е инаку девоја која пораснала во СОС Детското дело.
Имала само 6 години кога почнала да живее во СОС Детското село, конкретно во ку’ата „Буба мара“. Таа била првото дете во таа куќа, каде ја пречекала нејзината СОС мајка Наташа.
ФОТО: Фејсбук / Цеце Николова
Наташа ѝ пружила на Цеце вистински топол дом, полн со љубов и грижа.
Водителката одлучи годинава јавно да ѝ го честита роденденот на Наташа и сподели нивна заедничка фотографија, а во опис напиша:
„Денеска ѝ е роденден на жената што од мене направи човек! Мајка Наташа.
Бескрајно благодарна за секоја секунда помината со тебе“.