Нејзиниот женствен, но конзервативен стил можеби не е са секого, но Кејт изгледа совршено со него.
Меѓу омилените модели и се здолништата со А крој со средна должина и фамозните капути-фустани, а што се однесува до фустаните често ја гледаме во одмерени тоалети со потписот на најпознатите дизајнерски имиња, но и во далеку по евтини модели кои можат да се најдат во продавниците на познатите хај-стрит брендови (секако, се додека во нив не се прошета Кејт, бидејлќи потоа се продаваат како алва).
Но од бројните стајлинзи во кои сме ја виделе досега, во едно издание дефинитивно ја немаме видено. Имено во прашање е една боја во која досега војвотката се нема појавено, а до таквиот заклучок дојде австралискиот „Harper’s Bazaar“ кој внимателно ги скенираше сите нејзини комбинации. Имено тие открија дека Кејт досега ниту еднаш се нема појавено во портокалова облека, без разлика дали станува збор за потемна или посветла нијанса.
Очигледно дека симпатичната војвотка од Кембриџ нема ништо во оваа боја во своите плакари и она „Orange is the New black“ дефинитивно не важи за неа.