Ова девојче денес е позната пејачка во Македонија – се прослави во популарното шоу на Гранд, можете ли да погодите која е?
Ако некој знае како да ги изненади своите фанови тогаш мора да е таа.
Уште од кога се појави на македонската музичка сцена таа веднаш го привлече вниманието на сите.
Силниот и моќен глас на Ивона Јовановиќ или позната како Ивона Јо го освои регионот откако се појави во Ѕвездите на Гранд, па иако не продолжи да се натпреварува таа музичката кариера остана да си ја гради сама.
Кумановката Ивона испадна пред самиот крај од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таму исто таа доби критики на сметка на нејзината тежина од страна на Јелена Карлеуша, која беше член на жирито.
По испаѓањето, Ивона се огласи на социјалните мрежи и кажа дека повеќе никогаш нема да се врати на таа сцена.
Имено, талентираната пејачка откако направи операција во Турција во текот на претходното лето изгуби преку 40 килограми, а како што самата откри деновиве целта на докторите е да изгуби преку 70 килограми.
Таа секојдневно споделува како напредува нејзината трансформација и буквално се стопи пред очите на своите фанови.
Сепак таа сега повторно ги изненади сите откако сподели преслатки фотографии од нејзиното детство.
Односно Ивона сподели една фотографија на која е речиси бебе, но покажа и како изгледала додека била во средно училиште.
Инаку Ивона речиси секој викенд настапува по локалите ширум Македонија, а она што е очигледно е дека таа изгледа поубаво од било кога.
Таа објави и едно видео од кое можеме да видиме дека тренерките што некогаш ги носела сега и се неколку бројчиња поголеми, со што ги изненади сите.