Ова девојче денес е една од најпознатите пејачки во Македонија – дали ја препознавте?
Пејачката за малце ќе победеше во едно регионално шоу
Таа веќе важи за една од најпознатите млади пејачки од Македонија, а е на самиот почеток од кариерата.
Антониа Гиговска минатиот викенд заврши со своето учество во популарното шоу „Пинкови ѕвездички – All Stars“ каде иако беше меѓу најдобрите кандидатки, а нејзините песни едни од најслушаните од сите натпреварувачи, сепак не успеа да победи, туку го посвои третото место.
Пејачката неколку дена по финалето на својот официјален профил на Инстаграм објави симпатична фотографија со која се присети на своето детство.
Инаку, Антониа која оваа година е матурантка се прослави благодарение на својот прекрасен глас со кој ја освои публиката и жирито во „Пинкови ѕвездички“. Таа во ова телевизиско шоу прв пат се појави во 2015 кога беше една од најдобрите учеснички во натпреварот.
Таа на почетокот беше скромна и малку срамежлива, но со својот беспрекорен глас од емисија во емисија ги воодушевуваше сите, а редовно добиваше и комплименти на сметка на својата убавина.
Антониа неодамна го сними и својот прв сингл „Могли смо у двоје“ кој можете да го видите во продолжение.