Ова видео ќе ви го скрши срцето – го остави кучето на улица, тоа цело време се обидува да му се врати
Една надзорна камера во британскиот „Stoke-on-Trent“ го забележа моментот кога еден човек го остави своето куче покрај патот, а видеото откако беше објавено растажи многумина на социјалните мрежи.
„Треба да го видите видеото за да поверувате во тоа што се случи, тоа едноставно е страшно”, изјави Натали Переховски од Асоцијацијата за заштита на животните RSPCA за бруталниот чин на напуштање на миленичето.
„Гледајќи го тоа кутро куче како скока по автомобилот ќе ви се скрши срцето. Не можам да верувам дека некој може да го стори тоа”, додаде таа.
Здружението The Royal Society for the Prevention of Cruelty to Animals (RSPCA) започна истрага. „Ветеринарите го скенираа микрочипот и им влеговме во трага на последните двајца сопственици кои живеат во регионот, но ние не веруваме дека тие се актуелни сопственици на кучето и дека тие се одговорни за неговото напуштање”, вели Переховски.
Персоналот во ветеринарната го нарече кучето Снуп и тоа е во добра состојба. Има околу две години и веќе променил три сопственици и сега чека нови.
Тажната приказна се рашири на Интернет и предизвика различни реакции, од тага до бес, а некои ги споделија и своите позитивни искуства.
„Некој ја отфрли оваа слатка девојка пред мојата куќа. Нивна загуба, моја добивка”, напиша еден корисник на социјални мрежи, а и многу други споделија слични искуства.